Ралф Шумахер: Немаше да имам Ф1 кариера да не беше Михаел

Ралф Шумахер изјави дека тој најверојатно немало да биде дел од Формула 1 без присуството на неговиот брат Михаел, како светски шампион на гридот.

Помладиот Шумахер дебитираше во 1997 година со Џордан, истата екипа со која Михаел 6 години порано го означи почетокот на својата кариера.

Како шампион во јапонската Формула Нипон пред влезот во Формула 1, Ралф победи на шест трки, но никогаш не заврши повисоко од 4то место во пласманот на крајот на сезоната. Ралф вели дека можеби немало да биде возможно тој да влезе во Формула 1, доколку брат му не го имал успехот со Бенетон.

Прашањето е, дали ќе бев во Ф1 ако Михаел не беше таму? Не би можел да ви одговорам, не верувам.

Начинот на кој се се одвиваше е ОК, едноставно не успеав. Дефинитивно зависеше од мене, а во некои случаи немав среќа со инциденти и слично.

Кариерата можеше да биде подобра ако бев повеќе фокусиран во тоа што го правев и ќе бев посилен во тоа што го барав од една екипа.

Бидејќи имаше шанса за успех, а јас направив грешки. Требаше да влијаам повеќе над ситуацијата пред да го продолжев договорот со Вилијамс.

Поголемо влијание над организацијата, во која насока да се движиме.

Тоа беше најголема грешка бидејќи ние тројцата, со Алекс Занарди, Џенсон Батон, а потоа и Хуан Пабло Монтоја можевме да бидеме поуспешни.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ