Ралф Шумахер: Фетел ризикува да ја загуби позицијата возач број 1

Себастијан Фетел ризикува да го загуби својот заштитен статус во Ферари по уште една голема грешка која го чинеше многу на Британското Гранд При, вели поранешниот Формула 1 возач, Ралф Шумахер.

Со возачко дуо од Фетел и Леклер годинава, Ферари појаснија од самиот почеток дека Себастијан ќе биде возач број 1.

Потоа изјавија дека на Леклер, кој е во својата втора сезона во Формула 1, му е дозволено да прави грешки додека го зголемува своето искуство.

Иако Леклер имаше чиста битка со Верстапен во Силверстон, Фетел направи грешка која не беше негова прва во сезоната и се “заби“ во задниот дел од болидот на Ред Бул. Леклер финишираше на подиумот, додека Фетел на 16то место, а по трката тој и младиот возач се разделени со само 3 поени во пласманот.

Поранешниот Ф1 возач, Ралф Шумахер, во интервју за Скај Германија, смета дека тие грешки би можеле да го чинат Фетел неговиот статус на прв возач.

Двајца млади возачи се тркаа силно, но еден од постарите, Себастијан, не може да се справи со тоа.

Ова не треба да му се случува на него. Себастијан треба да внимава и да не го загуби својот статус на број 1. Уште малку и може да се случи, а Шарл не му олеснува.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ