Расел: Вилијамс треба да проба повеќе нови работи

Џорџ Расел верува дека иако има мали подобрувања, Вилијамс треба да се обиде повеќе во однос на стратегијата во иднина.

Британецот скоро стигна до К2 во Унгарија, се пласираше на 16то место, но имаше проблеми со темпото во трката и не заврши пониско од квалификациите само поради откажувањето на Роман Гросжан.

Би сакал да продолжиме вака на идните трки. Не сум убеден, но мислм дека може да бидеме повеќе динамични во однос на ситуацијата и похрабри како пристапуваме кон нештата, да пробаме повеќе во текот на викендот.

Не сме се обиделе со многу различни работи, од гледна точка на пневматиците, за тоа ми е криво. Мора да продолжиме вака, но мора да направиме чекор напред во трката. Во квалификациите имаше повеќе фактори кои помогнаа. Повеќе потисна сила, повеќе механички грип во пневматиците. Во трката, се виде дека немаме доволно потисна сила.

Формула 1 во моменталната ситуација со овие пневматици е многу комплицирана и кога имате само две можности во К1, кога патеката еволуира толку многу поради времето, мора да се адаптирате.

Штета е поради неколку работи бидејќи тоа влијае над сите на гридот. Постои многу работа и ресурси кои се вложени, но од моја страна, мора да се фокусирам и да го извлечам максимумот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ