Расел изненаден од ритамот на патека која не им одговара

Џорџ Расел е задоволен од трката во Монца затоа што стигнал до подобар резултат од очекувањата во пресрет на Италијанското Гранд При.

Возачот на Вилијамс имаше рутинирана трка со едно застанување во бокс и заврши две секунди зад Себастијан Фетел на 14то место со одлично возење. Трката ја почна од истото место на кое ја заврши по казните на петорица возачи пред него и имаше листа трка без грешки.

нашиот ритам беше изненадувачки со оглед на тоа што монца е една од трите најлоши патеки во годината за нас поради долгите правци и праволиниската брзина.

дефинитивно има позитивни работи кои треба да ги запамтиме и тоа покажува дека одлично сме одработиле со сетирањето, гуми и се што е во наша контрола. мислам дека можеме да бидеме задоволни од резултатот – смета расел.

Расел е единствениот возач без поени во моментов, но следува Сингапут кој се очекува значително повеќе да одговара на болидот на Вилијамс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ