Расел константно се мачел со сопирачките

Џорџ Расел откри дека константно за време на Јапонското Гранд При, неговиот болид на Вилијамс имал проблеми со сопрачките, што го оневозможило да биде поконкурентен.

Тимот од Гроув има лоша сезона со својот неконкурентен ФВ42 болид и има освоено само поен сезонава благодарение на среќниот Роберт Кубица и неговот овозење на хаотичното Германско Гранд При.

Расел е подобар од двајцата возачи и секогаш пред својот колега, но во Јапонија беше два круга зад водечкиот и заврши на 18то место.

имав многу големи проблеми со сопирачките веќе неколку трки. на сузука беше особено лошо така што при секое запирање немав верба дека ќе се случи тоа што го сакам. тоа значи немате верба нити да напаѓате нити да се браните и целосно го уништувате својот ритам.

константноста е очајна, некои кругови болидот добро зпаира, некои не. мораме да ги анализираме податоците и да видиме зошто тоа е така – смета расел.

Младиот британец смета дека во тркачки услови проблемите се многу посилни одошто во текот на еден летечки круг.

кога возам летечки круг, некоја голема разлика нема, но за време на подолга серија, проблемот е поголем. возам со таков проблем 60 кругови по ред, еден круг е добро, а другиот се надева мдека нема да завршам во ѕид.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ