Расел најави: Ќе треба нешто драстично за да го напуштам Мерцедес

Џорџ Расел не гледа причина зошто не би останал во Вилијамс на среден рок и смета дека само некој драстичен настан може да го оттргне од својата прва Формула 1 екипа. Британецот е одличен со неконкурентниот ФВ34 болид на тимот во својата дебитантска сезона во која стигна со педигре на актуелен Формула 2 првак.

Маките на тимот го оставија Расел да се бори само со својот тимски колега, Роберт Кубица на опашката од поредокот, но перформансите на Џорџ го донесоа во комбинација за место во Мерцедес кои го поддржуваат од неговата шампионска ГП3 сезона во 2016 година.

факт е дека како што рече клер вилијамс, јас имам тригодишен договор со тимот. поради тоа, ако нешто драматично не се случи, не гледам никаква причина да не бидам во тимот и следнтие две сезони – најави расел.

Повеќегодишниот договор на младиот британец беше најавен на крајот на минатата година, што му дозволи да мине доста време во фабриката и да се запознае со тимот. Мерцедес сеуште будно ги следат настапите на својот јуниор, нешто што му влева надеж на младиот возач.

знам дека се додека имам добри перформанси, мерцедес ќе ме поддржуваат, а тоа не ми дава можност да се олабавам затоа што морам целосно да сум фокусиран на работата. ако имам еден лош викенд сигурно дека нема да ме жалат и тешат, ќе ми понудат подршка, но само доколку научам од грешката.

тие имаат одличен начин на работа, се додека јас си ја вршам својата работа, тие ми даваат можност за напредок и мислам дека сум во најдобрите раце на гридот.

Мерцедес сеуште имаат празно место за 2020 година, а кандидати се сегашниот возач Валтери Ботас и Естебан окон, уште еден возач од младинскиот погон на екипата. Тото Волф “го отпиша“ Џорџ Расел на кус рок, но никој не знае што носи иднината.

квјат го победи рикардо во првата нивна заедничка година во ред бул. верстапен победи на својата прва трка за ред бул, а шарл леклер вистински го мачи себастијан фетел во својата прва сезона во ферари.

јасно е дека јас верувам во себе и ако добијам можност ќе биде глупаво да мислам дека од старт ќе можам да го победувам хамилтон затоа што по мене тој е најдобриот.

знам дека имам потенција и секогаш се обидувам да учам на секоја следна трка. ако ми се укаже можност чувствувам дека сум целосно подготвен и е ја зграпчам со две раце за да научам колку што можам повеќе и да испорачам кога е потебно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ