Расел охрабрен по дуелите со средината

Џорџ Расел вели дека има многу позитиви од Унгарија откако имаше дуели со ривалите од средината за пласман на 16то место.

По импресивните квалификации, кои замалку ќе обезбедеа пласман во К2, Расел одлично се тркаше со тимовите од средината, беше подобар од Ленс Строл, Антонио Џиовинаци и Роерт Кубица.

Вчера навистина ги надминавме очекувањата, а денес беше помалку враќање во реалноста.

Имав добар прв круг и надоместив две позиции против Магнусен и Квјат во 4от и 5от свиок, што беше забавно. Беше добро да се тркам против другите возачи. Сеуште имаме многу работа, но има и позитиви од викендов. Направивме добар чекор напред.

Од друга страна, Кубица имаше тешка трка, но беше благодарен на многу навивачи кои го поддржаа.

Трката помина очекувано. Моравме да ги менаџираме пневматици за да изведеме стратегија со едно влегување. Чувството не беше добро, слично на вчера. По паузата имаме целосно различни патеки, мора да почекаме и да видиме колку ќе ја намалиме разликата.

Неверојатно е да се видат толку многу луѓе од Полска. Би сакал да им се заблагодарам за одличната атмосфера и се надевам дека ќе заминат дома со убави спомени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ