Расел: Полските навивачи ме повредија

Дебитантот во Формула 1, Џорџ Расел, вели дкеа е малку повреден од негативните коментари на фановите на неговиот тимски колега, Роберт Кубица.

Расел премина во Ф1 годинава по две последователни титули во ГП3 и Ф2, но Вилијамс имаат проблеми поради кои младиот британец и повратникот во Ф1, Роберт Кубица, имаат ексклузивни дуели во трките.

Расел го надмина Кубица во секоја квалификациска сесија досега, додека проблемите на Кубица доведоа до постојани шпекулации, повеќето од кои извираат од неговата родна земја Полска, дека тој не го добива истиот третман како и Расел.

Запрашан дали е лесно да ги игнорира реакциите на социјалните мрежи, Расел го истакна следното за Motorsport.com:

Помалку ме повредува кога 50 проценти од коментарите на моите постови се омраза од полските навивачи, додека 50 проценти целосно ме подржуваат.

Мене навистина ми е важно мислењето во Вилијамс за мене, мислењето на Мерцедес за мене. Но исто така сакам да бидам почитуван и од надвор.

Не сум се сретнал со некој кој ме мрази, кој не ме почитува, а да не е од Полска. Ја разбирам ситуацијата и само може да се надевам дека еден ден ќе имам фанови кои се страсни како и неговите.

Во првата половина завршивме добра работа на некои трки, но во некои не толку. Но сето тоа е искуство и не би го променил, бидејќи учиме толку многу од тие лоши настани. Луѓето ме прашуваат дали би променил нешто ако можам да се вратам. Не би променил ништо бидејќи тие искуства се потребни за да се подобрите како човек во животот и како тркачки возач.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ