Расипан пиштол предизвикало бавно менување кај Ландо

Мекларен открија дека дефект кај пиштолот за зацврстување на тркатала е виновен за бавното менување на гуми кое го чинеше Ландо Норис неколку позиции на Унгарското Гранд При.

Перформансите велеа дека Норис е на пат да го следи Карлос Саинз и да заврши на 6то место зад шпанецот. Но, при менувањето на гуми се појави проблем, поточно со левото задно тркало што им донесе доста загубено време и дозволи на конкурентите да му ја превземат позицијата.

Младиот британец загуби две позиции, а го стави и пред Валтери Ботас кој беше во надоаѓање за да ги поврати загубените позиции, така што МЦЛ34 болидот беше лесен плен за Мерцедес.

Андреас Сеидл, шефот на екипата, му се извини на Норис за дефектот и откри дека токму дефект во пиштолот било проблемот.

за жал имавме проблеми со опремата за промена на задното лево тркало кое ни го оддолжи менувањето на гуми. на крајот тоа не чинеше две позиции, а му дозволи и на ботас за да не мине.

жалам за ландо и тоа што немаше среќа денеска затоа што во однос на возењето покажа одлични перформанси, а вакви работи се случуваат во тркањето – појасни сеидл.

Иако разочаран од крајниот пласман, Ландо е охрабрен од перформансите на болидот на патека каде не очекувале да бидат брзи.

имавме одличен ритам така што можам да бидам половично задоволен. имаме одличен потенцијал во болидот за добри резултати и на тоа мораме позитивно да гледаме.

вакви работи понекогаш се случуваат со менувањето на гуми, едноставно немав среќа. тимот заврши одлична работа и морам да ги пофалам за тоа.

мекларен се одлични цела сеозна, особено споредено со лани каде се мачеа при менувањето. правиме напредок, но денеска погрешивме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ