РБ6 болидот сопственост на Вебер е всушност болид на Фетел

Ред Бул РБ6 болидот кој е сопственост на Марк Вебер во неговата приватна колеција, всушност е болид со кој Себастијан Фетел има победувано на трки.

На крајот на 2010 година како подарок при збогувањето во Милтон Кинс, Марк требаше да го добие болидот со кој победи на трката во Монако таа година, но таа шасија беше уништена по страшниот судар од Валенсија. Наместо тоа, тој ја доби шасијата број 03 од таа година, шасија која Фетел си ја нарече Luscious Liz и со која тој победи на Малезиското Гранд При. Тој продолжи да се трка со таа шасија до Монако, кога беше променета поради поплаки за проблеми.

Шасијата подоцна беше корегирана, Вебер продолжи да ја вози откако ја уништи својата во Валенсија и со неа победи на Силверстон.

како дел од преговорите се договорив на крајот на годината да добијам на подарок болид. победив во монако таа 2010 година, но го уништив тој болид во валенсија и го добив следниот болид, оној со кој победив и изјавив “не сум лош за втор возач“.

и тој болид има добра историја и е добро да се има. себастијан победи во малезија со него, болидот е прекрасен, навистина прекрасен. јас триумфирав во унгарија и во британија со него, а има и лист од најбрзи кругови и подиуми. специјална шасија навистина.

момците од ред бул направиј фантастична реставрација на болидот, изгледа преубаво, се е на место до најситен детал и налепница од британското гранд при.

болидот во моментов е во музеј и ќе биде во музејот во силвестон кога ќе се отвори – објасни вебер.

Австралијанецот сака болидот трајно да биде изложен во музеј и покрај честите барања на неговиот поранешен колега од Порше, Тимо Бернард, да го проба болидот.

може да возам, но мислам дека ќе ми требаат 15 инженери на рено за да тестираме некаде. тимо бернард, мојот колега од порше, секогаш “ме замара“ да го тестираме некаде болидот. но, јас не сум толку расположен како него.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ