Регионалната Влада одобри помош за Барселона

Шансите за останување на трката во Шпанија на календарот се зголемија откако регионалната влада одобри дополнителни средства за трката на автодромот крај Барселона.

Формула 1 за прв пат дојде во Барселона во 1991 година, а последната трка согласно договорот беше организирана во Мај годинава.

Наредната година на календарот ќе се појават Виетнам со градската трка низ Ханои како и Холандија која се враќа во Формула 1 со Зандворт. Сопствениците на Формула 1 сакаат да имаат само 21 трка на календарот, а Шпанија, Германија и Мексико во моментов “висат“.

Организаторот на трката, РАЦЦ, бараше од локалната влада да интервенира, по што овие денови беше одобрена финансиската помош и се претпоставува дека договорот помеѓу Каталанска Влада и Либерти Медиа ќе изнесува 21 милиони евра.

Со Холандија на календарот се очекува Барселона да биде поместена доколку се постигне договор за наредната година. Едно решение е Зандворт и Барселона да бидат една по друга без пауза од една недела во Мај, бидејќи од Холандија сеуште “се игра“ со датум за нивната трка.

Либерти Медиа не сакаат да разговараат за зголемување на трките на календарот на повеќе од 21 настан во текот на годината.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ