Ред Бул ги промовираше новите бои

Формула 1 тимот на Ред Бул ги промовираше новите бои откако минатата недела го покажа својот болид маскиран во темно сино и црвена комбинација, прикривајќи ги своите аероднамички изуми.

Тимот покажа болид со многу црвена боја и делумно маскирна шара, но сепак четирикратниот конструкторски шампион покажа идентична шара како лани. Главниот партнер се појавува на исто место како и шарата претходно промовирана.

Хонда го заменува Таг Хоер на поклопецот на моторот. Таг Хоер продолжува да го подржува Ред Бул и покрај прекинувањето на договорот за моторот со лого пред возачот. Астон Мартин останува на носот, задниот спојлер и околу возачот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ