Ред Бул ги тужат Рич Енерџи и Вилијам Стори

Мина уште еден ден и Рич Енерџи не пропушти можност за нова контроверзија, овој паат на Твитер објавија дека Ред Бул ги тужи поради прекршување на правата за индустриска сопственост.

Најпрво компанијата за производство на енергетски пијалоци од Британија преку Твитер објави дека го раскинува договорот со американски Хаас, потоа се пишманија и следуваше акција на акционерите со која го отстранија Вилијам Стори од челното место во тимот, за да на крајот го промена своето име во Лајтнинг Волт, но и тоа им донесе проблеми.

Тужбата за прекршување на правата на идустриска сопственост која ја поднеле од Ред Бул обвинуваат дека заштитните симболи и рекламниот слоган на Лајтнинг Волт се слични како и нивното познати “Ти дава крилја“. Обвинет е и Стори како поранешен Главен извршен директор на компанијата.

Претходната тужба која Рич Енерџи ја загубија беше од Вајт Бајкс чие лого целосно го имаа превземено за своите производи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ