Ред Бул го анализираа болидот на Гасли … и не најдоа ништо!

Хелмут Марко од Ред Бул изјави дека имало истрага и анализа на болидот на Пјер Гасли по разочувачките перформанси во Австрија, но дека при истата не се најдени никакви проблеми со неговиот РБ15, што пак го зголемува притисокот над французинот и неговите перформанси.

По слабиот старт на Гасли за Ред Бул, кој има слаби резултати во однос на Верстапен, тимот се обиде да најде одговор и целосно го прегледа неговиот болид во обид да најде причина за неговите проблеми.

Гасли немаше идентични перформанси како Верстапен, кој победи во Австрија и воедно го заобиколи својот тимски колега за цел круг, но французинот се очекува да биде на еднакво ниво викендов во Силверстон.

Секако дека може да го негирам неговиот недостаток, бидејќи имаме скоро идентично поени како и минатата година.

Имаше многу дефекти и грешки од страна на Макс. Но не сакам да се “вадам“ од тоа. Гасли дефинитивно не е таму каде што треба.

Нема изговор за Австрија. Ги оштетивме сите предни крила во тренинг сесиите, тој не го возеше истото крило како и Макс, што помогна, но секако не ја објаснува разликата помеѓу двајцата.

Болидот мора да испорача, но и Гасли мора да испорача. Тој секогаш гледа кон грешки во болидот, во шасијата. Го разгледавме тоа. Немаше никако проблем.

Целта е да го подржуваме колку можеме. Тој го има сетапот на Макс од самиот почеток, бидејќи тој е поискусен и има поискусен инженерски тим.

Тој може да го подеси, но не и сериозно да “забега“. Тој експериментираше со тоа и отиде од еден екстрем до друг.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ