Ред Бул за квалификациите на Верстапен: Тоа е проблем на Хонда

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер изјави дека проблемот што го чинел Макс Верстапен пол позиција на Силверстон е поради подобрувањата во агрегатот на Хонда во последно време.

Верстапен дојде до победа во Австрија и со тоа ја прекина овогодинешната доминација на Мерцедес. Младиот холанѓанец е единствен победник на трка кој не вози сребрен болид оваа година.

Иако Валтери Ботас ја освои пол позицијата на трката победи Луис Хамилтон, но сепак Верстапен имаше одлични перформанси и целеше на втората позиција се додека Фетел не го удри и не му го уништи решиси загарантираниот подиум.

Тој разочаран стигна до четврта позиција, но по крајот на трката објасни дека можел да освои и пол позиција доколку немал проблем со моторот.

Мислам дека е до брзината со која Макс притиска на педалот за гас. Тоа е нешто невообичаено и не може да се види на динометар. Мислам дека е проблем на Хонда и сиугрен сум дека ќе го решат.

Хонда веќе почна да го истражува проблемот и ќе го реши пред трката во Германија.

Овој проблем не е толку голем. Овој е друг вид на проблем – изјави Танабе од Хонда.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ