Ред Бул и Хонда со соработка и во јуниорските серии

Ред Бул и Хонда официјално ги открија своите планови поврзани со јуниорските тркачки серии следната година и потврдија трансфер на Дан Тиктум во Супер Формула и Лукас Оер како дел од тимот.

Тиктум ја заврши Европската Формула 3 серија на второ место, загуби титула од Мик Шумахер, но имаше одлична трка и победи на Гранд При Макао. Тој е моментално најталентираниот возач на програмата за млади возачи на Ред Бул кој не е во Формула 1. Се шпекулираше дека Тиктум ќе стане дела од врвот на моторспортот следната година, но губењето на титулата од Шумахер значеше дека нема доволно поени на својата суперлиценца. Така, наместо да продолжи во Формула 2 како што прават голем дел од возачите, тој ќе мине во јапонската Супер Формула.

Како што пренесува motorsport, друштво на Тиктум ќе му прави и Лукас Оер, внук на Гранд При победникот на трки, Герхард Бергер. Оер има тестови за Форс Индија и трки за Мерцедес во ДТМ серијата, но за следната година нема возачко место поради тоа што “сребрените стрели“ ја откажаа својата тјуринг програма.

Ред Бул исто така потврди дека Европскиот Формула 3 возач Јури Випс и јапонскиот Формула 4 првак, Јуки Тсуонда ќе станат дел од нивната Академија.

Випс беше поддржан од Ред Бул за време на неговиот настап во Макао и следната година ќе стане дел од Хајтек Формула 3 екипата. Тсуонда беше дел од ГП3 постсезонскиот тест и е возач поддржан од Хонда, а ќе продолжи во Јензер во Формула 3 серијата, а можно е да се појави и во Мотопарк, наследникот на ДТМ.

Сите овие трансфери на возачи кон Јапонија и тимови блиски со Хонда се праби за зголемување на соработката со јапонскиот производител чии мотори ќе ги користи Ред Бул следната сезона.

Плановите за младите Џек Дуан, Денис Хаугер, Џони Едгар и Хери Томпсон кои лани станаа дел од Академијата сеуште не се соопштени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ