Ред Бул не исклучува надворешен возач за следната година

Ред Бул ќе бара возач и надвор од својата јуниорска академија доколку смета дека нивните возачи не може да ја завршат работата.

Алекс Албон го замени Пјер Гасли во Ред Бул од оваа трка во Белгија до крајот на годината за да му даде шанса на младиот возач да му парира на Макс Верстапен. Хорнер изјави дека е иделно да има возач покрај Макс кој би бил од моменталните.

Доколку сметаме дека ниеден од тие возачи не ја врши работата соодветно, тогаш ќе бараме надворешен возач, Но сигурен сум дека имаме талентирани момци.

Албон ќе вози до крајот на годината и ја има шансата да продолжи и наредната. Освен моменталната тројка составена на Александер Албон, Пјер Гасли и Даниил Квјат во комбинација се споменува и германецот отпуштен од Рено, Нико Хулкенберг.

Ја следиме ситуацијата, но сеуште не знаеме дали ќе земеме возач од надвор. Како што кажав, доколку сметаме дека нашите не ја вршат работата ќе земеме некој како што направивме со Марк Вебер.

Поранешниот возач на Ред БУл, Себастијан Фетел се поврзува со враќање во тимот доколку повторно не успее да дојде до титулата со Ферари. Тој освои 4 титули со Ред Бул, но има договор кој го врзува во Маранело до крајот на наредната година.

Тој не е достапен наредната година. Има договор до 2020 година и тоа е се – објасни Хелмут марко.

Ред Бул ги промовираше Фетел, Рикардо, Квјат, Верстапен, Гасли и Албон во сениорскиот тим, а само еднаш донеле надворешен возач како Марк Вебер кого го земаа од британски Вилијамс. Хорнер верува во филозофијата и посочи на Леклер во неговата деби сезона во Ферари.

Доколку не превземавме ризик со јуниори немаше да знаеме што може да добиеме. Леклер е одличен со Ферари.

Мислам дека и Албон беше добар со Торо Росо. Лесно е да си конзервативен. Доколку си малку похрабар и поамбициозен тогаш пробуваш со јуниор.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ