Ред Бул не очекуваат огромни подобрувања од Хонда

Најновата спецификација на Хонда нема да им овозможи огромно подобрување на Ред Бул на Француското Гранд При, смета Пјер Гасли.

Јапонскиот производител продолжува со својот агресивен пристап кон развојот на моторот и на Пол Рикар ја носи својата трета спецификација, која ќе биде користена од возачите на Ред Бул, како и Даниил Квјат во Торо Росо.

Досега Ред Бул не е во можност да ги притисне ривалите Ферари и Мерцедес за победа, но Гасли не очекува дека и со новиот мотор на Хонда, таа ситуација би се променила.

Имаме нова спецификација од Хонда, мислам дека последната беше издржлива. Оваа ќе биде фокусирана повеќе кон перформанси, но не очекуваме драстично подобрување.

Мислам дека севкупните перформанси ќе бидат малку подобрени, но нема да биде огромна промена или пак дека ќе ги стигнеме тимовите пред нас.

Ќе видиме како ќе биде во текот на викендот, но би требало да бидеме подобри во трката, без голема разлика во квалификациите.

Пол Рикар е патека која одговара повеќе на нашиот пакет од Канада. Има долги правци, што за жал е проблем за нас, дури иако напредуваме. Но мислам дека имаме нови делови и би требало да сме поконкурентни од Канада.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ