Ред Бул: Новите гуми влијаат на дизајнот

Од Ред Бул веруваат дека перформансите на почетокот на 2019 година биле под влијание на два фактора, промена во аеро правилата, како и промената на пневматиците.

Иако екипата од Милтон Кинс има добар напредок со болидот, а Макс Верстапен е најблизок конкурент до Мерцедес во првенството, тие сепак имаа потешкотии со РБ15.

Кристијан Хорнер смета дека во ситуацијата не помогнале пневматиците со потенка гумена површина, како и промената на предното крило со цел да се подобри претекнувањето.

Најверојатно е комбинација од двете. Очигледно има 25 проценти помалку гума на овие пневматици и тие страдаат, а ние бевме многу добри со пневматиците минатата година.

Исто така мислам дека концептот на аеродинамика кој го еволииравме во последните неколку години очигледно е посензитивен на предното крило, така што мора да најдеме нов баланс.

Се се сведува на еволуција и мислам дека Хонда прават добар напредок. Нивната издржливост во споредба со последните неколку години е фантастична. Перформансите се силни, Но и другите не стојат во место.

Видовме дека Ферари донесоа нов мотор викендов, а Рено имаа подобрување исто така. Мерцедес сигурно ќе има нов мотор во Монтреал. Тие не стојат во место, но ние сме задоволни со напредокот кој го правиме.

Ова мислам дека ќе биде првенство на Мерцедес. Тоа може да се види по првите 5 трки и освоија максимални поени. Сеуште е долга сезона.

Секој може да биде поразен. Формула 1 е тимска работа, тука се најголемите тимови во светот. Мерцедес во моментов се на одличен бран, но тоа не трае засекогаш. Наша работа е да ги имаме потребните алатки и можност да ги предизвикаме во следните години.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ