Ред Бул обвинуваат: Ферари бараат наш персонал

Советникот на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, откри дека Скудерија Ферари контактира со нивниот персонал сакајќи да ги земат за работа во Маранело. Во исто време, тој потврди и дека италијанците бараат луѓе и по другите тимови од падокот.

Неодамна медиумите шпекулира дека Матиа Биното размислува да го врати во тимот Симоне Реста, италијанецот кој во моментов е технички директор на Алфа Ромео, а беше главен дизајнер во Ферари до Мај 2018 година кога заина во Хинвил.

Матиа Биното е често оспоруван од медиумите поради фактот што кај него се сконцентрирани шефовската улога во екипата, како и улогата на технички директор која до лани ја вршеше.

Освен Симоне Реста, се зборува дека во Ферари ќе дојде и Марко Адруно, одговорен за анализа на податоците и симулациите во Ред Бул, нешто што  Хелмут Марко го потврди, но смета дека заминувањето нема да влијае на екипата.

точно е тоа дека марко адано ќе замине, но тоа е нормална работа.

постои константна промена во техничкиот персонал помеѓу нас, ферари и останатите екипи и тоа не е никаква новост за мене – објасни марко за Auto Bild.

Од неодамна повеќе член на Ред Бул односно Торо Росо не е ниту Џејмс Кејс кој замина за Мекларен. Во одреден момент тие го бараа и Ландо Норис како замена за инженерот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ