Ред бул сакаат да продолжат со Хонда

Ред Бул имаат намера да продолжат да соработуваат со Хонда на долг рок особено откако првата сезона им донесе две победи до сега и имаат одлична соработка.

Јапонците се вратија во Формула 1 во 2015 година со Мекларен, но по тригодишно очајно партнерство и меѓусебни обвинувања, предвреме ја прекинаа соработката. Мекларен мина на Рено, а Хонда имаше едногодишна соработка со Торо Росо во 2018 година, по што од оваа почна да го снабдува и сестринскиот Ред Бул.

Освен двете победи на Ред Бул Хонда од Австрија и Германија, имаа уште три подиуми, меѓу кои и еден со Торо Росо на Хокенхајмринг. Кристијан Хорнер не гледа причина зошто да не продолжат да соработуваат со јапонците.

никој не вети дека ќе остане во формула 1 по 2020 година. хонда е во иста ситуација како и сите други тимови и производители.

до сега одлично им оди и ние имаме наредба да продолжиме со оваа соработка во иднина.

се надеваме дека двете страни ќе имаат корист од соработката на долг рок – смета хорнер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ