Ред Бул се сомневаат во моторот на Ферари

Конкурентите на Скудерија Ферари имаат сомнеж околу перформансите и легалноста н аагрегатот произведен во Маранело, а кој СФ90 го користи за 2019 година.

Во Спа и Монца, каде Шарл Леклер стигна до две последователни победи, супериорноста на моторот од Маранело беше појасна и поочигледна од било кога.

Моментално, Рено, Хонда и ние сме на исто ниво. Само Ферари се подобри, на многу истакнат начин – изјави Тото Волф од Мерцедес.

Постојат неколку теории во падокот околу ситуацијата. Според едни, Ферари генерираат повеќе киловати од дозволеното во батеријата. Според други, моторот го менаџира собирањето на енергија и користи дополнително гориво во одредени моменти помеѓу задолжителните сензори, додека според трета шпекулација, моторот согорува повеќе масло.

Тие сигурно направиле некое мудро решение. Доколку е легално, сите ние треба да им се поклониме.

Испративме неколку прашања до ФИА, но сеуште не сме добиле одговори – изјави Кристијан Хорнер од Ред Бул.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ