Ред Бул се тркале со многу стар мотор во Белгија

Возачите на Ред Бул го комплетирале неделното Белгиско Гранд При со стар мотор на Хонда, спецификација која ја користеле пред трката на француски Пол Рикар.

Јапонска Хонда донесе 4та спецификација на мотор за време на петочните сесии и истата ја користеа Александер албон од Ред Бул и русинот Даниил Квјат од Торо Росо. Квјат продолжи со тој мотор и остатокот од викендот додека Албон го промени моторот во стара спецификација, исто како и неговиот колега Макс Верстапен.

По трката, тимскиот шеф Кристијан Хорнер откри дека Ред Бул користеле 2ра спецификација од моторот, а не 3та со која возеа од Француското Гранд При. Хонда не објаснуваат ништо околу оваа промена, а техничкиот шеф Тојохару Танабе само изјави дека последната спецификација работела согласно очекувањата на производителот.

Макс уште во Петок се жалеше на помалку испорачана моќ од моторот, а Хорнер тоа го објасни со агресивно возење на моторот претходните трки, особено Будимпешта каде холанѓанецот се бореше за победа.

не можевме да го возиме моторот во агресивни модови како претходно поради минатите километри со него и колку силно беше возен – појасни хорнер.

Верстапен ја користеше втората спецификација на квалификации и на трка, така што било какви проблеми со неговиот последен мотор со кој победи на две трки, веројатно се случиле во Петок. Издржливоста на Хонда во Ред Бул сезонава е навистина силна.

Танабе по трката откри дека Хонда ќе анализира темелно што се случувало со моторот кај Верстапен.

можеби се појавиле проблеми со калибрацијата, не мислам дека проблемот е деградацијата на моторот – смета танабе.

Албон се очекуваше да вози со 4та спецификација поради која прими и казни во пресрет на Белгиското Гранд При, додека Макс се очекува да има казни во Монца, патека на кој ќе му биле полесно да претекне и да се врати при врвот. Потоа следува Сингапур, трка на која Ред Бул се надеваат дека имаат шанса за 3та победа сезонава.

четвртата спецификација работи без никакви сериозни проблеми во однос на возните карактеристики и калибрацијата и се е во најдобар ред. на некои возачи веќе им вградивме таков мотор и треба внимателно да менаџираме до крајот на сезоната со киометрите и деградацијата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ