Ред Бул со рекордно трошење лани

Во својот обид да го детронизира Мерцедес минатата година и да бидат побрзи од Скудерија Ферари, Ред Бул Рејсинг потрошиле 304,2 милиони фунти, рекорд за нив од нивниот влез во Формула 1.

Буџетот пораснал за 8,9% споредено со 2017 година и вклучувал развој на овогодиншениот болид што беше прв не-Мерцедес болид кој победи на трка, а заедно со Хонда во моментов се на 3то место со поредокот со 289 поени заостаток зад “сребрените стрели“, а 110 зад Ферари.

Четирите победи во 2018 година споредено со една помалку претходната година значеше поголеми бонуси за возачите, но сепак најголема ставка во трошковникот на екипата е инвестирањето во истражување и развој. Вкупнит еплати во тимот се зголемени за 1,8% на 118,1 милиоин фунти, додадени се 16 нови вработени што ќе рече вкупно 809 лица. Според извештајот, Кристијан Хорнер има плата од 3,4 милиони фунти годишно.

Но, трошењето не се однесувало само на Формула 1 проектот на компанијата за производство на енергетски пијалоци туку и на високо технолошки инженеринг надвор од Формула 1, односно соработката со Астон Мартин на нивниот суперавтомобил како и развојот на луксузни јахти во соработка со Сансикер.

Откако ги платиле трошоците од 304 милиони фунти со приходите од 314 милиони фунти, добивката пред данок на компанијата изнесува 10 милиони фунти. Приходите главно доаѓаат од распределба на наградниот фонд, спонзорите и секако самите Ред Бул кои Формула 1 задоволството ги чинело 104,2 милиони фунти, 10,6% повеќе од 2017 година.

На крајот од финансиските извештаи, а во пресрет на големата промена на правилата, се потенцира дека тркачката серија мора да остане атрактивна за да компанијата продолжи со вложување во истата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ