Рено демантираат дека го позајмуваат Окон од Мерцедес

Рено јасно ставија до знаење дека Естебан Окон нема да задржи никакви врски со Мерцедес кога ќе стане дел од екипата од Енстон следната гдина.

Французинот беше резервист во Мерцедес сезонава, но потпиша двегодишен договор со фабричката екипа на Рено каде ќе му биде колега на Даниел Рикардо следната тркачка сезона.

Кариерата на Естебан сеуште е меаџирана од Мерцедес, но Сирил Абитебул изјави дека од почетокот на следната година возачот ќе биде целосно во негови раце.

тој е возач на рено, тоја е јасно и мерцедес ќе нема никакво право над него за времетраењето на неговиот договор со нас. разликата е тоа што компанијата која ја менаџира неговата кариера е во исто време и тркачка екипа која се вика мерцедес.

ситуацијата е поразлична од онаа која ја имавме со карлос саинз лани, тој беше позајмен возач под договор со ред бул, но окон ќе биде возач под целосна капа на рено – ја објасни ситуацијата сирил.

Нико Хулкенберг, секако незадоволен од загубеното место, изјави дека националноста била важен фактор во одлуката на Рено, но Абитебул го демантира тоа.

не би зборувал многу за националноста затоа што тоа не е точно. тоа е само плус, бонус, но не е елемент кој влијае на нашата одлука затоа што естебан го евалуиравме врз основа на многу различни фактори и параметри.

тоа не би било фер за естебан, исто како што не е фер за нико нити за менаџментот на рено, тоа е плус, но важно е дека на крајот тој се смести во силен болид.

И легендарниот Алан Прост се огласи велеји дека тимот е задоволен што ќе има француски возач, но тоа не бил решавачки фактор во ангажманот на Окон.

да бидам јасен, фактот што тој е французин е плус, но не е решавачки критериум, во спротивно ништо би немало логика. имавме дискусии со нико, возач кој навистина го цениме, но тој сакаше двегодишен договор, а ние сакавме едногодишен плус опција за втората.

без да навлегувам во детали, тој е некој кој заврши неверојатна работа за екипата, но по три години сфати и во право е дека не напредуваме брзо во однос на шасијата како што се надевавме и посакувавме. мислам дека ни треба некој кој можеме да го искористиме на подолг рок, ни треба свежина и ентузијазам. моравме да промениме нешто во тимот и да се грижиме за иднината.

естебан со своето искуство во мерцедес, години и младиста, ќе ни донесе динамика која ни е потребна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ