Рено имале криза во комуникацијата од почетокот на сезонава

Сирил Абитебул, првиот човек на Рено, смета дека кризата во комуникацијата во Рено е виновна за неубедливите резултати од почетокот на оваа 2019 година.

Лани француската фабричка екипа беше најдобра од останатите по борба со Хаас во вториот дел од сезоната, а за оваа година беше доведен Даниел Рикардо како партнер на Нико Хулкенберг по што очекувањата се зголемија.

На почетокот од сезоната жолтите болиди имаат проблеми со издражливоста и доста дефетки кои придонесоа да не остварат завртаните цели, а по Големата награда на Шпанија беа на 8мо место кај конструкторите. Сепак, Канада и Монако беа подобри по што екипата дојде до 5то место во поредокот, позиција зад своите муштерии од Мекларен.

беше тешко за тимот, но и за мене лично. но, тоа покажува каков требало да ни биде ставот и како требало да комуницираме во тој период.

кога гледате несовпаѓање во одност на тоа што го испорачуваме и тоа што знаеме дека можеме да го испорачаме теоретски со егзекуција на нормален тркачки викенд, тешко е да се прилагодите во кус период. тоа е поради фактот што треба да се менаџира комуникацијата подобро на секој тркачки викенд.

тимот, но и мојот став е дека треба да имаме искрена и отворена комуникација за да ги кажеме работите онакви какви што се – смета сирил.

Во Монако французите донесоа нов мотор откако на претходните трки мораа да ја ограничат моќта од постоечкиот поради проблем откриен на трката во Бахреин. Аеродинамички новини е планирани за Франција, по што Абитебул смета дека ќе дојдат на планираните перформанси.

искрено, во канада,  не направивме ништо посебно освен она што треба да го правиме секоја трка од почетокот на сезоната. немаше ништо ново во моторот туку само го работевме на начин на кој требаше да се работи константно, но овој пат немавме никакви проблеми.

Заостатокот зад пол позицијата на Рикардо во Монтреал беше 8 десетинки, што е подобрување од 4 десетинки во однос на лани.

целта пред сезоната е намалување на зааостатокот зад водечките тимови, а тоа почнува да се остварува. ми олесни што знам дека можеме да покажеме дека целта се остварува.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ