Рено насочени кон квалификациите за 2020

Дизанот на болидот на Рено за 2020 година ќе биде дизајниран за перформанси на квалификациите за да им помогне на французите да се приклучат на борбата пред нив.

Цента на Рено да биде напред во поредокот во средината годинава, но и да го намали заостатокот зад водечките не се оствари главно поради проблеми со моторот, проблеми кои најавуваат дека ги решиле.

Сирил Абитебул, шефот на екипата, откри дека тимот создава болидк кој е повеќе насочен кон брзина на квалификациите, одошто на трка.

раззгледуваме 2-3 промени кои е можно да ги направиме во овој момент на процесот на дизајн, промени кои драстично може да го променат нивото на нашиот болид за следната година.

првата промена е аеродинамичката ефикасност, а втората е балансот за квалификации и трка затоа што модерната формула 1 во многу се потпира на квалификациите. сите болиди се како монако и има различна шема за развој доколку сакате вашито болид да биде фокусиран на квалификациите.

работите како на пример сетирање на брзините може многу да помогнат, степените на пренос се сетрани различно за квалификации и за трка.

правилата за следната година се исти и можеме да си дозволиме да промениме работи за следниот болид, се е во игра.

времето е пред нас, не е доцна за никаква промена на болидот. овогодинешниот пакет не е лош, но може да биде подобар и мораме да направиме исчекор – најави абитебул.

Иако францускиот фабрички производител неуморно ќе работи за 2020 година, Сирил открива дека нинви главен фокус сепак е 2021 година и целосно новите правила за формула 1.

тешко ека следната година ќе стигнеме да се бориме за подиуми, победи и титули затоа што добро ја познаваме формула 1 и поради тоа сме целосно насочени кон 2021 година.

поради тоа имаме балансиран пристап кон 2020 година затоа што сакаме добар старт на развојот за година потоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ