Рено негираат: Не тврдевме дека сме блиску до топ 3

Тимскиот шеф на Рено, Сирил Абитебул, одговори на медиумите дека никогаш не тврдел дека екипата ќе доминира во средината, ќе ја стигне врвната тројка или ќе освои подиуми.

Тимот има тежок старт во 2019 година по проблеми со издржливоста и во моменти недостаток на перформанси, со што по 5 трки тие се на осмата позиција во пласманот. По само две трки со освоени поени, францускиот производител е далеку од нивната прогноза, но Абитебол истакнува дека никогаш немале такви планови и цели.

Не, никогаш не го изјавив тоа. Ова година целта е многу јасна. Можеби некој во нашата организација го изјавил тоа, но јас не.

Луѓето постојано прашуваат дали ќе стигнеме до подиуми, но подумите во едноставни услови не се возможни годинава.

Би сакале, но ако погледнете како стојат работите, никогаш немало таква стабилност кај победниците на трка. Од 2014 година, само во неколку наврати друг тим стигнал до подиум, покрај Мерцедес, Ред Бул или Ферари.

Сите се согласуваме дека има голем проблем во Формула 1, но тоа не е проблем само за Рено, туку за Формула 1 во целост.

Мекларен имаат повеќе ресурси од нас. Дали знаете ние колку трошиме? Ние работиме со буџет сличен на Торо Росо и не веруваме дека дополнителни финансии ќе направат промена.

Наместо да се фрлаат ресурси, може да гледаме кон Мекларен бидејќи ги знаеме нивните бројки и можам да ви кажам дека имаат повеќе стотици луѓе од нас. Колку се далеку од нас? Дали има смисла? Не во моментов.

А ние никогаш нема да имаме дополнителни 150 милиони евра за да бидеме на ниво на Мерцедес бидејќи тоа нема смисла. Тоа не носи вредност во Формула 1.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ