Рено носат новини и очекуваат повеќе потисна сила

Фабричката екипа на Рено ќе има ново предно крило на својот РС19 болид за претсојниот викенд, дел од новините во пресрет на послендите трки од календарот. Развојот до последен момент се прави со цел да се намали заостатокот во однос на Мекларен во борба за 4то место во конструкторскиот поредок.

Полека, но сигурно, моторот од Вири стигнува се поблсику до Мерцедес и Ферари, така што вниманието им е насочено кон подобвуање на потисната сила на болидот.Техничкиот директор одговорен за шасијата, Ник Честер, потврди дека нови делови ќе дебитираат на болидот викендов.

носиме ново предно крило во сузука, но и нови крила распоредени на шасијата, не многу воочливи промени, но очекуваме доста потисна сила и поголемо ниво на грип како резултат од нив – најави техничкиот директор.

Во врска со тркачкиот викенд на Сузука, тој дополни:

возачите уживаат во сузука затоа што е убава старомодна патека со многу историја, а многумина сметат дека е најдобра на календарот. многу е долга со промени во надморската височина кои завршуваат со тесни шикани и големи кривини како шнола. предизвик е да се има совршен круг, предниот дел од болидот е клучен за првиот сектор со промена на насоката на движење при голема брзина за што треба стабилна самодоверба од возачите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ