Рено одговориле на критичарите на нивниот мотор

Тимскиот шеф на Рено, Сирил Абитебул смета дека тие со придобивките на својата последна спецификација на моторот за прв пат возена во Белгија, на најдобар можен начин им одговориле на критичарите.

Рикардо и Хулкенберг се квалификуваа на 6то и 7мо место на Спа Франкошамп. но стартуваа назад поради казните од предвремена промена на моторот. На последната трка во Италија возачите на француската фабричка екипа тргнаа од 5то и 6то место, а поради глупоста на Фетел, Дани и Нико завршија позиција погоре за најдобар пласман на тимот од враќањето во Формула 1.

мислам дека е фер да се каже дека работата направена врз агрегатот е јасна. бевме конкурентни во монтреа, на спа и во монца, што значи дека покажавме перформанси.

слабите страни на болидот сеуште постојат и поради тоа не сум пресреќен затоа што свесен сум дека ни претстојат тешки периоди од сезоната, но само покажуваме сила која беше видлива за сите во италија – најави сирил.

Целта на Рено за оваа година беше да се намали заостатокот во однос на топ 3 екипите, но наместо тоа не успејаа да го задржат ни ланското 4то место каде во моментов се наоѓаат нивните муштерии од Мекларен.

годинава не е мазна. имаше многу прилики кога можевме да имаме добар резултати  поени кои ќе ни помогнеа во шампионатот, но имаше и обратни ситуации. сепак, во италија се беше како што треба и заслуживме добар резултат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ