Рено планираат значителни новини за домашната трка

Рено најавија дека ќе донеса значително променет болид за домашното Француски Гранд При откако успеале да направат доволно нови делови, проблем кој го имаа поради силниот развој кој го имаа зацртано од почетокот на сезоната.

Тимот од почетокот на сезоната се мачи со издржливоста на моторот и константните проблеми со него во текот на тркачките викенди, така што напредокот проади тоа стагнираше, тимот се концентрираше на агрегатор, а трпеше аеродинамичкиот развој. Скорешните промени во инраструктурата ги подобриле и забрзале работите.

мислам дека е фер да кажеме оти заостануваме со некои работи, заостанувавме цела зима главно во однос на тајмингот. се обидуваме да стигнеме, но од многу причини не успевавме да дојдеме до планираното ниво на ефикасност и нови делови од аеродинамичарите. производството се соочи со некои проблеми и донценеше со произведување на некои дизајни кои требаше да ги имаме пред неколку недели – откри сирил абитебул.

Задоцнетите делови почнуваат до доаѓаат, а мал дел од нив беа и тестирани во Барселоа. Сирил најави дека на трката на Пол Рикар следниот месец ќе имаат многу новини во однос на моторот и аеродинамиката и се надева дека ќе го покажат целиот потенцијал.

сакаме до пол рикар да стигнеме со се, да ги  решиме сите проблеми и доцнења кои ни штетат од почетокот на годината. моторот би бил назад на полна моќ со која располага, тоа треба да се случи до пол рикар.

исто така ќе имаме многу новини, доста значителни новини во однос на аеродинамиката и имаме неколку проекти во однос на перформансите кои не беа донесени на време поради доцнења во организацијата. на пол рикар ќе видите се.

моменталната ситуација е наша колективна одговорност која ја прифаќаме, но мораме да го подобриме времето по круг за да се издвоиме во средина од поредокот како што беше наша цел од почетокот на сезонава.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ