Рено повторно се сомневаат во кинетичкиот МГУ-К

Нико Хулкенберг е на прагот на казна во пресрет на стартот на следната трка откако возачот на Рено повторно имаше прбоеми со кинетичкиот МГУ-К од Системот за повраток на енергијата на неговиот мотор во Кина.

Иако французите имаат драстично подобрен мотор во однос на моќноста оваа сезона, нивна главна болка е кинетичкиот дел поради кој двата болиди се откажаа од трката во Бахреин на неколку кругови пред крајот на истата и добија нов дел за Шангај.

Новиот МГУ-К беше инсталиран и во болидите за Мекларен на трката во Кина, но само кај Нико се појавија повторно проблеми. Ова е втор дел кој германецот го користи, а следниот ќе му донесе казна од 10 места во пресрет на стартот на трката, нешто што може да го видиме веќе низ улиците на Баку на големата награда на Азербејџан. Сепак, доколку Рено успеале да го остранат дефектот, може да вози и со тековниот или со оној кој веќе го отстраниле.

влеговме во бокс и излеговме во гужва и тогаш почувствував дека губам моќ. дадовме се од себе и се обидовме се што можеше преку софтверот да го отстраиме проблемот, но не беше можно и мораше да се паркираме. го анализираме проблемот, а изгледа дека повторно е во кинетичкиот мгу-к дел.

Неговиот колега, Даниел Рикардо, заврши на 7мо место како најдобар од останатите и ги освои првите поени за екипата сезонава.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ