Рено признаа дека се фокусирале на Рикардо, не на Хулкенберг

Тимскиот шеф на Рено, Сирил Абитебол, призна дека француската екипа можеби не посветила внимание на Нико Хулкенберг во Британија, бидејќи биле фокусирани над Даниел Рикардо и неговата битка со Ландо Норис за статусот “најдобар од останатите“.

Хулкенберг се пласираше на 10то место во Силверстон, но беше фрустриран со тимот бидејќи надомести едно место од каде стартуваше и имаше што да каже по крајот на трката по тимското радио откако тимот не го внесе во бокс порано.

Рикардо успеа да го претекне Норис и заврши пред возачот на Мекларен, но Хулкенберг испадна од битката во средината по безбедносното возило и имаше судар со Серхио Перез при рестартот.

Мислам дека оставивме неколку поени на масата и немавме правилна стратегија според мене. Влеговме во бокс прерано бидејќи имав сериозни проблеми со пневматиците.

Безбедносното возило не беше совршено за мене, а потоа бев удрен од Чеко по рестартот и изгубив позиција од Кими. Имавме проблем и со моторот на крајот и изгубив моќ на целиот Хангер правец и некако се довлечкав.

Севкупно, не беше фантастично и прилично сум изненаден што успеавме да освоиме поен во овие услови.

Абитебол призна дека битката на Рикардо со Норис била нивен фокус, откако дебитантот го претекна австралијанецот во првиот круг.

Не му помогнавме. Тој имаше тешка трка, со неколку мали проблеми, како и касното влегување во бокс, бевме фокусирани на Даниел и Ландо и многу фокусирани на тоа кога да влеземе во бокс, за на тој начин да го претекнеме.

Во трка полна со акција, никогаш не е лесно, особено со пневматици кои не може да се прогнозираат. Влеговме доцна со Нико, изгубивме позиција, а потоа тој мораше да се бори од задните редови.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ