Рено со загуба од 7,4 милиони фунти за 2018 година

Последните финансиски извештаи на Формула 1 тимот на Рено кои се однесуваат на 2018 година покажуваат дека екипата имала поголеми приходи одошто во 2017 година, но на крајот на годината резулатот е значителна загуба. Приходите пораснале од 136,3 милиони фунти на 146,6 милиони фунти.

Зголемениот износ на прихои се должи пред се на плаќањето за остварениот резултат. Во 2017 година се вкалкулирани парите од 2016 година кога екипата заврши на 9то место, додека лани се вкалкулирани плаќањата од 2017 гдина кога беа 6ти. Сепак зголемените приходи не успејаа да ја зголемат добивката која во 2071 година изнесуваше 1,1 милиони фунти и наместо тоа екипата забелеа загуба од 7,4 милиони фунти.

приходите беа под негативно влијание од силината на британсата гунта во однос на аврото и американскиот долар. сите приходи се деноминирани во евра и долари, додека најголем број од трошоците се во британски фунти.

Дополнително, французите открија дека биле вбризгани дополнителни пари во екипата поради фактот што лани се бореле за 4то место во поредокот.

Просечниот број вработени во 2017 година изнесувал 606 луѓе, додека лани таа бројка била 676. Дополнителните 70 вработени се распределени така што 32 се во производство, 25 се инженери, а останатите 13 се администрација. Промените кај вработените довеле до 9,4 милиони фунти зголемување во трошоците за вработните.

Фиксните средства поради дополнително инвестирање се зголемени за 10,6 милиони фунти поради подобрување на инфраструктурата во фабриката во Енстон, како дополнителен износ од 34,6 милиони фунти претходно инвестирани од Рено.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ