Рено со поголема самодоверба по двојните поени

Рено стигнаа до своите први двојни поени во Канада, а шефот Сирил Абитебул откри дека тоа било целта за секоја трка од почетокот на сезоната.

Даниел Рикардо се квалификуваше на неверојатното 4то место на Жил Вилнев, но загуби уште две позиции на трката, за најдобар негов резултат во жолтиот болид. Неговиот колега Нико Хулкенберг заврши зад него, со тоа што тимските наредби со спречија нападот, иако германецот се чини дека имаше ритам да го мине колегата.

Со двојните поени франуската фабричка екипа е на 5то место кај конструкторите со само два поени заостаток во однос на Мекларен. Но, поважно од поените, според Абитебул, е зголемената самодоверба.

овој викенд е токму целта која си ја поставивме пред почетокот на сезоната, а која не успевавме да ја стигнеме. треба да продолжиме вака на слдните трки. пласманот на даниел и нико е најдобар можен резултат за нас во нормални услови. двајцата возачи беа безгрешни од почетокот на викендот, даниел имаше неверојатен квалификациски круг и ни даде причина за задоволство.

остатокот од екипата имаше одличен перформанс со што самодовербата ни е на високо ниво, по грешките кои тешко се забораваат од почетокот на сезоната. остануваме концентрирани затоа што знаеме дека имаме уште работи – појасни абитебул.

Следната трка од календарот е домашното Гранд При за тимот во Франција. Лани двете екипи завршија во поени на Пол Рикар, а целта е иста и сезонава.

одиме на француското гранд при каде треба да почне втората фаза од нашиот план за сезонава, откако првата фаза беше моторот кој веќе го користиме. сакаме да дојдеме до резултати на предизвикувачките патеки кои следат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ