Рено со помешани чувства од квалификациите

Рено ќе имаат еден болид во топ 10 на гридот за домашната трка во Франција благодарејќи на Даниел Рикардо, но тимскиот колега ќе стартува од 13то место по грешка во К2.

Рикардо имаше постојана сесија, релативно лесно се пласираше во К3, но од него беа подобри возачите на Мекларен. Сепак, австралијанецот беше задоволен од своите перформанси.

Хулкенберг ги започна своите квалификации со силни перформанси во К1, со 4то најбрзо време, но грешка во вториот сегмент го спречи германецот да влезе во топ 10.

Спортскиот директор на Рено, Алан Пермејн смета дека без грешката во К2, Хулкенберг ќе бил покрај својот колега во последниот финален сегмент од квалификациите.

Го подобривме болидот многу по петочните сесии, но не доволно за да бидеме пред Мекларен.

Нико за жал направи грешка во вториот летечки круг во К2, но без тоа тој најверојатно ќе влезеше во К3. Имаме помешани чувства околу резултатот, но не очекува многу работа пред трката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ