Рено цело време возеле со ограничен мотор

Шефот на Рено, Сирил Абитрбул, откри дека проблем со издржливоста на дел од агрегатот на екипата донел хендикеп за нив по што морале досегашниот дел од првенството да го возат со оганичена моќ од моторот.

Познато е дека Рено се мачи со кинетичкиот дел од Системот за повраток на енергијата годинава, а многу поголем проблем со нивниот В6 агрегат не бил откриван за јавноста. Во Бахреин кога Нико Хулкенберг се откажа од трката им станало јасно на инженерите каде е проблемот, по што во Кина возеле со намалена моќ од агрегатот.

Решение за проблемот било најдено кога во Барселона екипите добиле нов мотор, но во Шпанија се возело со конзервативен мод за да се провери дали е се во ред, а се очекува во Монако да биде видлива целата сила на втората спецификација на Рено.

зимава имавме можност целосно да се фокусираме на придобивки во однос на моќта и конкурентноста. тоа значеше дека претпазливо одлучивме да се фокусираме на перформанси откако ја решивме издржливоста. моторите кои требаше да одат на динамометарот за да се испита издржливоста, беа користени за да се добијат повеќе перформанси, што значи дека испорачаната моќ требаше да биде голема, но се појавија проблеми со издрливоста.

Имавме два проблеми, еден кој го знаете беше кинетичкиот МГУ-К дел, а за другиот не знаете, но тоа беше проблемот кај нико во бахреин, се расипа дел кој не сакате да помслите дека може да се расипе затоа што е на дното во моторот, тешко заменлив и фундаментален дел – откри абитебул во монако.

Французинот откри дека поради тој проблем во Шангај и низ Баку не можеле да го користат целосниот потенцијал на агрегатот со кој располагале.

се појави проблем кој не го идентификувавме во текот на зимата и немавме резервен план, но во исто време беше и удар врз организацијата што значи дека мораше да бидат превземени мерки со кои силно ќе се ограничи испорачаната моќ кај нашите болиди.

можам да потврдам дека реакцијата од сите вклучени страни беше неверојатна и за пет недели успеавме да го идентификуваме проблемот, да го разбереме, да изработиме нов дизајн, да набавиме делови, да ги тестираме и потврдиме и да направиме доволно мотори за нас и за мекларен во шпанија. тоа беше причината за носење на нов мотор во шпанија.

Сирил потврди дека проблемите се решени и дека во иднина ќе може да го користат целосниот потенцијал од агрегатот.

во барселона направивме еден исчекор во однос на моќта, но не целосен и не голем затоа што сакавме да добиеме повратна информација и да направиме една инспекција за да се осигураме дека се е во ред. Од овој викенд во иднина ќе има уште еден чекор и ќе можеме да го возиме моторот на конкурентно ниво како на почетокот на сезоната кога беше навистина силен.

да објаснам со бројки, придобивките на кои целиме за 12 месеци се 50 киловати, веќе обезбедивме 40 киловати и сакаме до крајот на сезоната да имаме дополнителни 10 киловати во најдобриот квалификациски мод.

нашата анализа покажува дека не сме на ниво на ферари и мерцедес на трка, а ферари е пред нас и на квалификации кога ќе се вратиме на нивото од овој викенд во иднина.

Шефот на Рено призна дека е тешко да се убедат скептиците дека французите во Вири имаат голем напредок на својот мотор.

проблемот е што со губење на ред бул немаме можност да покажеме напредок на моторот, свесни бевме за тоа и поради тоа мораме да продолжиме онаму каде што ред бул застана и да демонстрираме напредок на моторот со фабричката екипа.

секој кој ќе ги погледне максималните брзини и гпс податоците ќе сфати за што се работи. вистина е дека се работи за различни нивоа на потисна сила, но постои тренд кој не лаже.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ