Рејсинг Поинт имаат уште многу подобрувања

Од Рејсинг Поинт ќе следат уште многу подобрувања, истакна тимскиот шеф, Отмар Шафнауер.

Битката во средината е многу тесна сезонава, а Мекларен на 4то место води со само 17 поени пред Алфа Ромео на 9то место, додека врвната тројка има драстична разлика, а Вилијамс се на дното со ниту еден освоен поен.

Рејсинг Поинт е во средината од таа битка, 2 поена пред Торо Росо и 9 позади Рено. Еден добар резултат може да ја направи целата разлика, а Шафнауер сака да го искористи моментумот и да го притиска тимот до крајот на сезоната.

Трката во Франција веќе означува една третина од првенството. Ние сме на шесто место и освоивме поени на 5 од 7 трки.

Многу е тесна битката во средината и мислам дека ќе се бориме до последната трка. Поради тоа е важно да продолжиме да освојуваме поени. Фер е да се истакне дека формата во трка е наша силна страна, но ни треба подобрување во квалификациите.

Направивме неколку добри чекори напред со болидот од стартот на годината, но има уште многу подобрувања кои ќе следат.

Кога средината е разделена со десетинки, морра да покажете перформанси најбргу што можете, а тоа е нашиот фокус до летната пауза.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ