Рејсинг Поинт не го користи целиот потенцијал

Во Рејсинг Поинт тврдат дека го имаат искористено само половина од потенцијалот кој го има нивниот болид на првите две трки од сезоната.

Лоренс Строл внесе многу капитал во екипата, донесе дополнителни спонзори сакајќи неговата Формула 1 екипа да биде колку што може повисоко во поредокот. За првата трка РП19 болидот беше многу различен од оној со кој екипата тестираше во Мелбурн, но новините не ги донесоа посакуваните резултати, Ленс Строл стигна до 2 поени преку 9то место во Австралија, додека Серхио Перез придодаде уште поен за 10то место во Бахреин. Со тие поени, тимот во моментов е на 9то место во конструкорскиот поредок, единствено пред Вилијамс.

мислам дека само половина од потенцијалот на болидот е искористен, но мораме да експериментираме за да научиме како да искористиме се што имаме на располагање.

имавме пакет новини за мелбурн, ќе имаме новини и за кина, а следниот голем пакет на аеродинамички подобрувања ќе стигне во шпанија. на останатите трки ќе треба да работиме на колку што може подобро оптимизирање на пакетот кој го имаме – смета отмар шафнауер.

Шефот на тимот очекува жестока борба во средина од поредокот, кога и секогаш последните неколку години, но признава дека е изненаден од силните перформанси на Мекларен од почетокот на сезонава.

изгледаат одлично, но така беше и лани во овој дел од сезоната.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ