Рејсинг Поинт се жали на Рено

Рејсинг Поинт се жалат против фабричката екипа на Рено поради прекршување на правилата за време на трката за Големата награда на Јапонија.

Јапонските стујарди ги повикаа претставниците на двете екипи на сослушување во 18:30 по локално време.

Рејсинг Поинт се жалат на болидите на Даниел Рикардо и Нико Хулкенберг за сетирање на системот за сопирање во завистност од далечината. Со ова тие ги прекршиле техничките и спортските правила на ФИА и на Формула 1.

Возачите на Рено се квалификуваа на 15та и 16та позиција, но на трката Рикардо дојде до 7мо место, а Хулкенберг заврши на 10то. Сепак, пласманот на Рено беше подобрен по казната на Шарл Леклер. Со тоа тимот го зацврсти петтото место кај конструкторите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ