Рејсинг Поинт ќе имаат речиси цел нов пакет за Германија

Енди Грин, техничкиот шеф на Рејсинг Поинт, изјави дека тимот ќе добие многу новини, речиси нов болид за Големата награда на Германија летоска.

Тимот прави промена во аеродинамичката филозофија откако од почетокот на сезонава го сменија воздушниот тунел и наместо тунелот на Тојота во Келн, го користат оној на Мерцедес во Бракли. Екипата од Силверстон го засили напредокот сезонава откако дојдоа милионите на Лоренс Строл по превземањето во текот на летото. Големи аеродинамички промени и нова суспензија беа донесе во Барселона, но екипата се мачеше да ги оптимизира истите.

Следните нови делови се закажи за пред летната пауза, Германското Гранд При кон крајот на Јули.

ќе има големи новини, аеродинамичката филозофија ќе се промени исто така, а тоа не е мала работа. мораме да се обидеме да промениме некои работи колку што е можно побрзо.

не се работи за ризик, други екипи веќе го прават тоа, така што ќе се обидеме и ние.

многу работи ќе се променат. протокот на воздух околу болидот ќе се промени како и насоката ќе се корегира. мислам дека тоа засекогаш ќе го подобри пакетот – појасни отмар шафнауер. шефот на екипата.

Техничкиот шеф, Енди Грин, изјави дека промените ќе ги решат воочените проблеми кои го ограничуваа тимот на патеки како Барселона.

тоа е тешка патека за нас во однос на балансот на болидот. тоа е воочливо последните неколку години и подолг период не сме го решиле тој проблем. но, доаѓаат некои нови делови, речиси цел болид пред крајот на летото и се надеваме дека дел од проблемите на слични патеки ќе се решат.

проблем е должината на кривините. на кривини од 180 степени користиме многу од гумите и поради тоа не можеме да задржиме добар баланс во текот на целиот свиок. може да имаме добар баланс на средина од кривината или на почетокот, но на крајот тоа се уништува, со тоа се мачиме затоа што таму се забрзува за правецот кој следи.

сеуште работиме да ги стигнеме оние пред нас, но не се откажуваме. тоа е убавината на овој спорт. не престануваме да учиме, целосно сме фокусирани и имаме многу идеи за развој. се работи, новини доаѓаат и нема да престанат. мислам дек нема да стигнеме до врвот од средината се до големите новини.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ