Рикардо: Вистинската форма на Рено ќе се покаже во Франција

Даниел Рикардо вели дека Рено ќе ја покаже својата вистинска форма на Француското Гранд При викендов, а домашната екипа ќе цели да прикаже подобри перформанси од тие во Канада. Рикардо и Хулкенберг имаа двоен финиш во поени за прв пат годинава во Монтреал.

По проблеми со издржливоста, прикажано преку двојното откажување во Бахреин, Рено се појавија со полна сила во Монако и Канада. По новото аеродинамично подобрување кое се очекува за Франција, Рикардо е возбуден за тркачкиот викенд.

Ја почнавме сезоната со високи очекувања од нас. Мислам дека конечно ја покажуваме нашата форма.

Среќен сум што тимот имаше силен викенд сред овие стресни времиња, но работевме и сега сум оптимист дека ова е почетокот во правилна насока.

Секако дека има уште многу работа за да ги достигнеме очекувањата, но борбата со челната тројка во Канада беше многу забавно. Навистина едвај чекам на атмосферата во Франција и се надевам дека тимот ќе биде горд од прикажаното.

Знам дека е многу важна трка за нив и колку ќе им значи на сите инволвирани. Целта за Франција е да ја поновиме формата од Канада.

Тимот имаше добри перформанси на Пол Рикар минатата година. Имаме некои подобрувања, кои би требало да ја прикажат нашата вистинска форма.

Полека се си доаѓа на место, болидот е подобар, јас имам се поголема самодоверба и ќе бидеме се подобри.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ