Рикардо: Време е да се покажеме и на бавни патеки

Даниел Рикардо се надева дека Рено многу скоро ќе може да ги повтори своите силни перформанси на брзите патеки и на автодроми полни со кривини кои бараат голема потисна сила од болидите.

Француската фабричка екипа на последната трка во Монца заврши во двојни поени со 4то и 5то место, нивни најдобар резултат по враќањето во Формула 1. Сепак, свесни се дека им следува тешка трка низ улиците на Сингапур откако бавните патеки не им одговараат на пакетот.

по италија ми олесна затоа што реално од канада немавме силен тимски резултат. дојдовме до максимални поени, тоа е големо задоволство и сакам да се заблагодарам на сите во вири за одличниот мотор затоа што ваквите резултати се одлични.

секоја година доаѓаме во монца свесни дека немаме сила за добар резултат, а последните неколку години тоа беше далеку од наша силна патека. годинава се случи пресврт и придобивките се посени. се надеваме дека научивме многу за потисната сила и бавните патеки и ќе бидеме посилни во сингапур.

знаеме дека последните трки бевме добри поради малата потисна сила која патеките ја бараа, аеродинамиката беше погодена, а болидот лесен за возење. во сингапур можеме да научиме многу раоти за потисната сила и стартуваме од таму.

дефинитивно сме многу посилни на брзи патеки, но тоа не значи дека можеме да имаме добар резултат и на бавните, така што ќе си ја сработиме домашната задача и ќе се надеваме на добар резултат – посакува рикардо.

Рено го намали заостатокот во однос на Мекларен во борбата за 4то место во проедокот на 18 поени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ