Рикардо го критикува фрустрираниот Магнусен

Даниел Рикардо не беше импресиониран со одбраната на Кевин Магнусен во нивните дуели на Унгарското Гранд При.

Магнусен очајно ја бранеше 13та позиција од Рикардо, но во одредени моменти беше и премногу очајно што доведе до мал контакт помеѓу двајцата во свиокот 1, откако возачот на Хаас го избутка Рикардо прешироко во свиокот 2.

Двајцата на крајот ја завршија трката без штета, но откако беше критикуван и од својот тимски колега Гросжан, Магнусен сега има уште еден критичар.

Секогаш беше предизвик да се пласираме во топ 10. Мислам дека имаше моменти кога изгледавме добро, поминавме неколку болиди, а потоа се одбранив и од Валтери во одреден период.

Имаше позитивна страна, издржавме на хард подолго време, а потоа со софт имавме добра форма.

Го стигнав Кевин бргу и потоа, да, неколку пати, според мене, тој промени линија на движење при сопирање.

Изгледаше прилично очигледно од моја гледна точка. Не знам како беше на ТВ, но беше фрустрирачки. Двајцата се обидовме да избегнеме судар при секој обид на претекнување.

На крајот видов болиди кои се мачеа со пневматиците, но помина мојот момент и не бев во можност за вистински напад. Не сум импресиониран, но тоа се случува кога стартувате од задниот ред.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ