Рикардо го поддржа Фетел: Една добра трка и повторно е стариот

Даниел Рикардо се тркаше крај Себастиајн Фетел во 2014 година во Ред Бул кога германецот имаше сличен пад во перформансите како оваа сезона.

Себастијан нема победа на трка за Ферари повеќе од една година, период во кој направи доста аматерски грешки од кои последната дојде на домашната Монца кога се изврте без никој околу себе, а потоа доби и казна за несоодветно враќање на патекаа. Иако од почетокот на сезоната беше “прва виолина“ на тимот, по последните две трки беше минат во поредокот од својот млад колега, Шарл Леклер.

мислам дека во некои работи се наоѓа во слична ситуација како што беше во 2014 година, но си ја врати формата и победи веќе на втората трка следната година. дефинитивно е способен да се врати и ќе му треба само една добра трка.

не сакам да зборувам за другите, но мислам дека се за него почна во канада со тамошните контроверзии. можеше да биде негова прва победа годината, но се тргна погрешно, а ако победеше сигурно дека сезонава ќе имаше целосно различен тек за него.

во минатото секогаш бил силен овдека во сингапур, така што можеби оваа трка ќе биде пресвртница за него. мислам дека му треба само една силна трка.

јасно е дека има многу работи со кои се справуваме во овој спорт, особено кога сте на врвот. не се работи само за талент, има голем притисок и многу размислување и проценка.

апсолутно сум сигурен дека сеуште може да вози многу брзо и го чека тој викенд кога ќе одработи се како што треба и ќе ја врати формата. можеби уште овој – смета австралијанецот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ