Рикардо го пофали резултатот во Британија по ужасната Австрија

Даниел Рикардо се пласираше на седмото место во Британското Гранд При, но возачот на Рено смета дека резултатот бил големо постигнување за неговата екипа по разочарувањето во Австрија.

Од седмото место на стартот, Рикардо изгуби позиција од Ландо Норис, но продолжи фокусирано, премина на медиум пневматиците во 13от круг, а потоа влезе повторно за време на безбедносното возило за хард компонента.

Австралијанецот продолжи да цели кон Карлос Сазин во завршницата на трката, но не успеа да изведе успешен маневар.

Го видов Карлос пред мене и имав малку подобра форма од него. Можев да го следам прилично добро, но не доволно и губев потисна сила за да имам вистински напад.

Од тоа што можевме да го постигнеме денес, јас сум всушност среќен. Каде бевме пред две недели, мислам дека ова е голем резултат за тимот. Имавме подобра форма од Мекларен во квалификациите и во трката и задоволен сум со тоа, тоа ме охрабрува.

Очигледно би сакал да бидам на врвот на гридот и се додека тоа ме исполнува и тимот го препознава тоа, не можам да барам повеќе. Ова не е година во која ќе се бориме за титула и мора да ги прифатиме позитивните нешта.

Станувам поблизок со момците и уживам во овој период од мојата кариера. Ќе стигнеме таму, работиме за тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ