Рикардо доби 10 секунди, отпаѓа од поени

Возачот на Рено, Даниел Рикардо, доби две казни од по пет секунди за своите маневри во последниот круг од Француското Гранд При.

Австралијанецот најпрвин беше преагресивен во дуелот со Ландо Норис и ја напушти патекатаа, враќајќи се недозволено агресивно. Тој маневар го натера и Норис надвор од патеката по што тој добива пет скунди казна.

На правецот кој следуваше Рикардо влезе зад Раиконен, “фати залет“ и го мина со цел болид надвор од означената патека. За тој маневар тој добива уште пет секунди.

Со вкупно 10 секунди додадено на неговото време, Рикардо наместо на 7мо место официјално завршува на 11то место.

Промоција на 7мо место добива Кими Раиконен, 8ми е Нико Хулкенберг, Ландо Норис, Возачот на денот освојува два поени за 9то место, а до поен доаѓа и Пјер Гасли.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ