Рикардо задоволен од новиот Рено мотор

Даниел Рикардо го поздрави напорот кој го направи фабриката при производството на моторот оваа година со нивниот најдобар резултат на Монца.

Австралијанецот и Нико Хулкенберг имаа одлични перформанси на Монца каде завршија на четврта и петта позиција во моменти кога Рено се обидува да го престаса Мекларен за 4то место кај конструкторите.

За Рикардо перфомансите се доказ за напредокот на Рено околу моторот и тоа што се прави во базата во Вири.

Конечно имаме максимални поени, ако знаете што мислам. Би сакал да ја искажам мојата благодарност кон Вири и момците од фабриката. Мислам дека го решија проблемот конечно. Секоја година тука сме слаби, но овој пат влеговме со оптимизам. Се надевам дека научивме нешто за ваквите патеки со мала потисна сила.

Иако викендот во Монца беше охрабрувачки, темпото на Рено претходно беше послабо. Затоа Рикардо се надева дека Рено ја научиле лекцијата.

Енстон дефинитивно направи нешто во последните неколку викенди во однос на болидот. Беше полесен за возење и имаше подобар баланс. Сигурно пакетот за наредните патеки ќе биде одличен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ