Рикардо “запален“ од формата на Рено

Даниел Рикардо вели дека формата на Рено од скоро “запалила оган“ во тимот, што тој смета дека се квалитети кои ги прават Ред Бул толку силни.

Австралијанецот имаше серија на силни квалификации и трки кои им помогнаа на Рено да се искачат на петто место во пласманот, пред дебито на големо подобрување во Франција викендов кое тој се надева дека ќе им помогне уште повеќе.

По тежок почеток на сезоната поради издржливоста, Рикардо е среќен што во Рено има нова верба, особено по двојниот финиш во поени во Канада.

Беше многу важно дефинитивно. Мислам дека полека се движевме кон тој момент. Имавме серија од пласмани во К3. Мислам дека полека ја снемува тежината. Но за тимот, не само што беше пофалба, туку и запали прилично добар оган.

Мислам дека тимот го вкуси првиот голем резултат во подолг период, особено во квалификациите. Очигледно дека конкурентот во мене сака повеќе, тоа секогаш ќе биде случајот, но кога го гледам тоа и кај инженерите и кај механичарите, сите се возбудени. Тоа беше добро.

Мислам дека најголемо нешто и го следам како се развива, е што кога пристигнав во Ред Бул, тие само што освоија четири титули. Влегов во тим со одредено ниво на самодоверба, но таа самодоверба понекогаш може да се претвори во ароганција.

Но тие знаеја дека се најдобри. Има такво ниво на самодоверба, а тука претпоставувам ќе биде потребно време.

Начинот на кој тимот реагира на битка на патеката и добар резултат. Наместо мал аплауз, повеќе е како “ајде можеме!“ и сум приметил како тоа се трансформира по првите неколку трки.

Мислам дека почнуваат да сфаќаат дека поголеми работи се возможни, а тоа создава атмосфера во гаражата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ