Рикардо изненаден од поените на Рејсинг Поинт во Кина

Даниел Рикардо признава дека е изненаден од формата во трка демонстрирана од ривалот на Рено, Рејсинг Поинт, за време на Кинеското Гранд При.

По две откажувања во Австралија и Бахреин, Рикардо конечно успеа да стигне до поени за прв пат за Рено со пласман на седмо место. Австралијанецот сепак имаше постојан притисок од Серхио Перез во Рејсинг Поинт.

Бев изненаден од формата на Перез во трката. Идеално, би сакале да ја зголемиме разликата со останатите, но тој беше силен. Постојат делови во кои може да се подобриме, но генерално по целиот викенд, би требало да сме на чело од средината.

Не беше лесно, Перез беше навистина брз и ме притискаше цела трка. Се обидов да ја менаџираме разликата, но тој продолжуваше со притисокот.

При крајот стануваше се потешко и не беше толку тензично во последните неколку кругови.

Рикардо, кој призна дека немал грип со болидот, смета дека промена во пристапот и по податоците од двата дена на тестот во Бахреин, на крајот му помогнале во резултатот.

Секогаш е добро кога се поминува добро, не знам дали е среќа или добри подготовки пред трката.

Сетапот беше добар и не моравме да промениме многу во текот на викендот. Можев само да се подобрам, наместо да менувам се и сешто. Некои од работите кои ги научивме во Бахреин се позитивни.

Добро е, повеќе за моите механичари. Немавме видено финиш до сега. Добро е што може да заминат дома со насмевка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ